(ВИДЕО) Се обидел да запре со брзина од 365 км/час но „улицата не била доволно долга“!

Бројни тунирани болиди се способни да забрзаат дебело над 300 км/час, но од друга страна кочниците понекогаш не ги следат очекувањата.
Еден од пеколните болиди е Porsche 911 Turbo S кој го средил 9ff. Има неверојатни 1.800 KС и забрзува како малку кој болид на денешницата. За забрзување од 100 до 200 км/час му требаат 5,2 секунди, додека забрзувањето од 200. до 300 км/час ќе го апсолвира за 7,46 секунди. Но ова Porsche може и подобро па во вториот обид на Vmax200 натпреварувањето во highboost mod од 100. на 200. км/час стасал за 3,8 секунди, патот на стрелката од 200. до 300. км/час траел 4,08 секунди. Очекувано без проблеми стасал до 365 км/час.
А возачот потоа ја притиснал кочницата и пред себе имал 580. метри патека. На 142. км/час под тркалата му снемало асфалт, а Porsche удрил во заштитен ѕид на стог сено. Предниот дел на возилото е уништено, а засега е непознато дали Porsche воопшто ќе може да се поправи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …