(ФОТО) Започна снимањето на македонскиот игран филм „Ефектот на среќа“

Филмот ја следи приказната на младата Леа, која се бори за своето здравје и преиспитувајќи го својот живот почнува невообичаена потрага по среќата…

Денеска во Скопје почна снимањето на македонскиот игран долгометражен филм „Ефектот на среќа“ – урбана драма за универзалната потрага по среќа и барањето на смислата на животот. Режисер и сценарист е Борјан Зафировски, а соработник на сценариото е Дејан Дуковски.


„Филмот ја следи приказната на младата Леа, која се бори за своето здравје и преиспитувајќи го својот живот почнува невообичаена потрага по среќата, ефектите од неа врз другите луѓе и можноста од нејзино ширење и мултиплицирање“ – соопшти продукцијата @Ново македонско видео#.
Во главните улоги се Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат и Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска. Филмот ќе се снима во наредните 30 дена на локации во Скопје и Охрид.
Најголемиот дел од буџетот за „Ефектот на среќа“ е обезбеден од Агенцијата за филм на Република Македонија. Копродуценти се Њу Момент, Видео Хаус анимејшн, Национален центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …