(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Мајка го влече своето дете со јаже по тротоар како да е предмет!


Во центарот на Ливерпул била забележана многу бизарна ситуација – мајка го влечела своето дете со јаже по тротоар.
Минувачите биле шокирани од глетката, но на мајката никој не и се спротивставил. Ова се случило во центарот на англискиот град Ливерпул, а некои корисници на социјалните се сомневаат во автентичноста на видеото.
Снимката била објавена на социјалните мрежи и веднаш го привлекла вниманието на јавноста, која ја осудила мајката монструм, пишува Liverpool Echo.

Тоа што може да се види на снимката е дека детето немало никаква реакција на тоа што неговата мајка со јаже го влече по плочник. Поради тоа, некои луѓе се скептични за автентичноста на ова видео и мислат дека станува збор за кукла.
“Шетав низ градот и видов како детето падна, а мајката продолжи да го влече, иако виде дека малиот е на земја”, изјавил Џо Кејн, кој го снимил видеото.
Минувачите биле шокирани од глетката, но на мајката никој не и кажал ни збор.


https://www.youtube.com/watch?v=7agQWvyBd9s

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗАБОРАВЕНОТО ИНТЕРВЈУ НА ТЕСЛА: Најголемиот ум на сите времиња ОВА го зборувал за жените

Кога се споменува Никола Тесла и неговиот став кон жените, обично ја слушаме стандардната приказна …