СТРАШНО – ВРБУВААТ СИРОМАШНИ ЗА ДА ПРОДАВААТ ОРГАНИ: Еве колку сиротите луѓе добивале за органите – мрежата на криминалци во Бугарија „мрсно заработувала!“

Бугарските власти откриле криминална мрежа и обвиниле четворица членови на мрежата за регрутирање на сиромашни луѓе за да донираат бубрези за пари за пациенти кои чекаат трансплантација, соопштило обвинителството.
Три мажи и една жена се обвинети за регрутирање донатори на органи кои потоа контактирале со пациенти кои имаат потреба од трансплантација на бубрег, рекол обвинителот Димитар Петров.
Трансплантациите ги правеле во болница во Турција, благодарение на фалсификувани документи според кои донаторот и пациентот се роднини. Обвинителот рекол дека најмалку пет пациенти добиле бубрег за трансплантација од февруари 2019 година. На списокот на чекање имало уште двајца пациенти и тројца потенцијални донатори.

Пациентите плаќале помеѓу 50,000 и 100,000 евра за трансплантација. Донаторите, претежно невработени, сиромашни и во долгови, добивале по 5.000 до 7.000 евра после операцијата.
Вкупно 22. трансплантации на бубрег годинава биле направени во Бугарија, додека 1.028 пациенти биле запишани на списокот на чекање за трансплантација, соопштило бугарското Министерство за здравство.
Извор:Бета

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на …