Временска прогноза до крајот на неделата!

Времето максимално не изненадува со променливоста но и ниските температури и дожд. И’, додека во овој период од годината многумина заминуваа на мини годишен одмор, сега се чини е тешко да се испланира какво време не очекува утре…
Но, синоптичарите излегоа со временска прогноза до крајот на оваа недела, а од идната…

Облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни, особено во западните делови. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14. до 19. степени.


За денес се очекува претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер. Минималната температура се очекува да биде од 6°C до 12°C, а максималната температура од 16°С до 22°C.

За среда се очекува променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, а за четврток се очекува променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи.


За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …