Глумецот Арнолд Шварценегер во Лас Вегас, заедно со глумицата Линда Хамилтон, го претставил шестиот дел од серијалот за славниот робот „Terminator: Dark Fate” (Терминатор:Мрачна судбина) во кој играат и двајцата, 35. години после првиот филм.
„Баш сум среќен, целата екипа е повторно на собир“, рекол 71. годишниот глумец на собирот за филмската индустрија.
Новото продолжување на „Терминатор“ треба да се појави во ноември 2019. година, а многумина во индустријата на филмот во САД тоа го сметаат за главен настан на годината.
Филмот го режирал Тим Милер, но во продукција на Џејмс Камерон, креатор на сагата за Терминатор кој влегол во историјата на кинематографијата.
Во шестиот дел на „Терминатор“, Линда Хамилтон која сега има 62. години и понатаму ја глуми Сара Конор, која станува шеф на движењето на отпорот на луѓето против роботите.
Првиот дел од акциониот и научнофантастичен филм е снимен во 1984. година, по сценарио и во режија на Џејмс Камерон, кому тоа му било пробив меѓу ѕвездите.
Филмот со Линда Хамилтон, Мајкл Бин и Шварценегер во улогата на немилосрдниот робот – убвиец од иднината, бил направен со мал буџет и чинел само 6,4 милионид олари, но ширум светот заработил 78. милиони долари.
На Шварценегер тоа му била втора значајна улога во кариерата после „Конан Варваринот“ во 1982. година.
Подготви:Г.О.