(ФОТО) Каква храброст: После загубата на детето (пред нецели две години) готвачот Ремзи и сопругата добиле петто дете!

„Секогаш го кажуваш тоа што го мислиш, некои поради тоа те почитуваат, а некои не. Но поради тоа ми порасна во очите. Децата ги спореди со награди! Тие и’ се единственото нешто со што родителот и треба да се фали. Браво“, коментирале фановите…


Англискиот готвач Гордон Ремзи (52) во четвртокот го добил петото дете и со таа вест се пофалил на социјалните мрежи. На синот му го дал името Оскар, а со објавата многумина насмеал.
„После три БАФТИ и едно Греми, конечно добив и еден оскар. Посакајте му добредојде на Оскар Џејмс Ремзи“, напишал на социјалните мрежи. Следеле многу честитки до родителите, а фановите биле восхитени од тоа колку многу на Ремзи му значи семејството.


„Секогаш го кажуваш тоа што го мислиш, некои поради тоа те почитуваат, а некои не. Но поради тоа ми порасна во очите. Децата ги спореди со награди!Малку е смешен начинот на кој го направи тоа, но се’ е точно. Тие и’ се единственото нешто со што родителот треба да им се фали. Браво“, бил еден од коментарите.
Познатиот готвач неодамна изјавил дека не планира да ги вработи своите деца во ресторанот.



„Строг сум, праведен и ќе направам се за да им помогнам да се искачат на самиот врв. Сепак, нема шанси да ги вработувам во својот ресторан или преку врски. Сакаат да работат во овој бизнис? Тогаш нека од***ат, нека се вработат кај друг сопственик на ресторан и почнат од самиот почеток“ рекол Ремзи.


Веста дека сопругата Тана (44) е бремена по петти пат, Гордон ја споделил на социјалните мрежи во почетокот на годината. Парот неодамна прославил 22. години брак, а освен малечкиот Оскар ги имаат и ќерките Меган (21) и Матилда (17) и близнаците Џек и Холи (19).


Инаку, Гордон Ремзи и неговата сопруга Тана одамна се изјаснија дека сакаат пет деца. Пред две години Тана имаше спонтан абортус, со машко дете, во петтиот месец на бременост и навистина и таа и Гордон се за честитки бидејќи иако имаат четири деца сакале уште едно за кое доста и се напатиле…

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …