(ВИДЕО) Камера снимила хорор: Невнимателен возач удрил работник на патот – несреќниот човек одлета во воздух!

На интернет се појави вознемирувачко видео од автопат во Јужна Африка на кое може да се види како автомобил покоси работник на патот.

Несреќата се случи на автопат во близина на Грабоу, недалеку од Кејптаун, а 32-годишниот работник, иако за среќа го преживеа ударот, сепак Ксолеле Финдела претрпел тешки повреди.


Полицијата отворила истрага против возачот кој што возел со околу 100 километри на час, на делница каде што брзината била ограничена на 80 километри на час. Невнимателниот возач го покоси работникот, а за целата ситуација да биде уште полоша, тој не го сопрел автомобилот после ударот.

Несреќата била снимена од камера на автомобилот на брачен пар.


„Беше ужасно. Плачевме, а нашите деца ни велеа да си заминеме од таму што е можно побрзо“, изјави мајката Елри за тамошните медиуми.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тајната вила на Тито била најскапата претседателска резиденција, но од таа раскош не останало многу…

Некогаш била најскапа претседателска резиденција а денес пропаѓа. Од раскошно уредената тајна вила останале урнатини …