Уште само 8 дена дa „скокнете до Халквантура” и со нов Jeep Compass да ја возите 2019 година

Одбројување со двојна возбуда – 8 дена до Новата година, но и само уште 8 дена до крајот на големата наградна игра на Халкбанк и Mastercard „Влези во Халквантура”, чија главна награда е атрактивниот Jeep Compass.

Учеството во наградната игра е навистина едноставно и без дополнителен напор за учесниците.


Имено, доколку сте клиент на Халкбанка, сигурни сме дека веројатно веќе и ги исполнувате условите за учество и единствено ви недостасува да ја пополните онлајн изјавата, со што автоматски станувате потенцијален добитник.


Всушност, сè што треба да направите е да ги следите трите лесни чекори кои можат да ви ја обезбедат оваа примамлива награда:

1.Минимум 10 трансакции со дебитните и/или кредитните платежни картички Mastercard издадени од Халкбанк во рамките на периодот на Наградната игра
2.Користење на уште две услуги на банката како: приматели на плата или пензија преку Халкбанк, дозволено пречекорување на трансакциската сметка, кредити, депозити, полиси за осигурување, електронско банкарство или СМС-инфо
3.Пополнување на Изјава за согласност на официјалната веб-страница на Халкбанк, со што ќе биде потврдено нивното учество.
Освен главната награда, во наградната игра се предвидени и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари, а главното извлекување ќе биде на 16 јануари.


Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк>>>, a повеќе информации за услугите на Халкбанк клиентите можат да најдат на веб-страницата www.halkbank.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …