Календарот со фотографиите на Владимир Путин, претседателот на Русија, предизвикал големо внимание, а може да се нарача и преку Амазон.
Не останало многу до крајот на 2018. година па оние кои имаат обичај да закачуваат календар на ѕид за претстојната година веќе размислуваат каков би можел да биде.
Гардијан пишува за календарот со фотографии на рускиот претседател Владимир Путин и издвоил неколку најинтересни фотографии за месеците јануари,јуни и јули.
Јануари
Рускиот претседател неспретно влегува во ледената вода на езерото Селигер за време на фрлањето на крстот. Покрај тоа, вниманието го привлекле и два пара чизми со крзно.
Јуни
Бугарски овчар, подарок од бугарскиот премиер Бојко Борисов во знак на благодарност на изградбата на големиот гасовод во неговата земја. Кучето е во прегратка на Путин, забележува Гардијан, преплашен. Знае дека еден погрешен потег од него може да направи и пар чизми.
Јули
Путин вози велосипед и тоа без шлем.Но, со темни очила
Ова не е прв календар со Путин додека вежба во теретана, игра хокеј или вози велосипед.
Календарот може да се нарача преку Амазон, во различни формати, за најмногу 29. долари.
Putin Calendars Outselling Those of Japanese Stars in Japan https://t.co/WqXekLLWvi pic.twitter.com/Xo8v3updtC
— Russia Insider (@RussiaInsider) December 17, 2018