Сексот има важна предност која на сите ќе им користи, велат научниците!

Често се споменуваат предностите на сексот, но секогаш сакаме да слушнеме и нешто ново. Иако знаеме дека согорува калории и отстранува главоболка,новото истражување открило потполно поинаква предност.
Истражувањето објавено во магазинот „Archives of Sexual Behaviour“ открило дека сексуалната активност го поправа памтењето.
Научниците набљудувале жени на возраст од 19. до 35. глодини и откриле дека оние припаднички на поубавиот пол кои почесто имале секс имале и подобро памтење и биле способни да се сетат на зборовите и фотографиите подобро од оние со нешто послабо практикување на интимни односи.
Научниците се убедени дека сексот помогнува за растот на нови клетки во мозокот, во хипоталамусот кој се поврзува со памтењето.
Истражувањето е спроведено на релативно мал примерок од стотина жени па резултатите не се сто отсто сигурни, но упатуваат на тоа дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања.
Позитивното влијание на сексот на памтењето е докажано и порано со бројни истражувања спроведени меѓу животните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …