(ФОТО) Жељко Јоксимовиќ во живо, во емисија, си ја расплакал сопругата

Популарниот Жељко Јоксимовиќ на оригинален начин и испратил порака на својата сопруга…и тоа среде емисијата што таа ја водела…

Водителката Јована, сопруга на Жељко Јоксимовиќ, вчера наполнила 37. години, а колегите од работа и подготвиле роденденско изненадување.


Но, кога започнала утринската емисија во живо на ТВ Прва, каде Јована е водител, во едно од вклучувањата во живо, откако репортерите и го честитале роденденот на колешката, го вклучиле и нејзиниот сопруг. Жељко Јоксимовиќ, во живо од центарот на Белград со транспарент од 10 метри и го честитал роденденот.
Јована изненадена од гестот на сопругот се расплакала во емисија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …