(ФОТО) Борис Новковиќ открил: „Бившата сопруга и јас одгледуваме син со посебни потреби“

Пејачот во објавата на социјалните мрежи открил досега непознат детал од својот семеен живот. Со бившата сопруга, вели, одгледува син со посебни потреби…
„Знае ли некој дека мојата бивша сопруга и јас веќе осум години одгледуваме син, дете со посебни потреби, ете тоа е мојата мисија број 1“ напишал Борис Новковиќ на Фејсбук.
Така пејачот открил детал од семејниот живот откако се разлутил што медиумите пишуваат за неговата интима.
Борис во април прекинал со политикологот Инес Катиќ (31) после осум месеци брак. Дека ќе се разведува по трет пат можело да се наслути после четири и пол месеци, после нивната свадба, која била, минатото лето, на Паг, под чадори.
Тогаш на фановите им пораќал „Јас ќе уживам во својата искреност и секогаш и повторно ќе се дадам за љубов. Ако треба и четврти, и петти и десетти пат! Секогаш ќе верувам во вистинска љубов! И, нема друг коментар“ напишал Новковиќ.
Додека бил во љубов со Инес рекол дека се чувствува „одлично и исполнет со позитивна енергија“.
Првиот брак на Борис Новковиќ бил со глумицата Бојана Вејзовиќ (45) а траело пет години. После тоа девет години бил во брак со новинарката Луција Матиќ. Со неа има два сина. Потоа се вљубил во сликарката Ива Висошевиќ (38) поради која „пукнал“ вториот брак. Со Ива прекинал после три години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …