Одбележување на дваесетгодишнината од премиерата на македонскиот филм „Големата Вода“ вечерва во Кинотека

За почит и за внимание е концептот, РАЗЛИКИ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ. Тоа е, всушност, наслов за многу важна и повеќе од потребна пракса, за запознавање и вмрежување на филмолозите од регионов. Во рамките на овој нов концепт, ќе се одбележи дваесетгодишнината од премиерата на ГОЛЕМАТА ВОДА, во режија на Иво Трајков и по сценарио на Владимир Блажевски.

ГОЛЕМАТА ВОДА во 2005 година ja добива „Златната палма“ за најдобар филм, како и наградите за најдобра режија (на Иво Трајков), најдобра фотографија (на Суки Меденчевиќ) и најдобар саундрак (на Кирил Џајковски) на Фестивалот на медитерански филм во Валенсија, Шпанија.


25 АПРИЛ (ЧЕТВРТОК) 20:00ч
ГОЛЕМАТА ВОДА
(Great Water)
Игран филм, Македонија
2004, 93 мин., колор, 35мм
Режија: Иво Трајков (Ivo Trajkov)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …