Денес роденден слави нашиот познат пејач Драган Мијалковски

Драган Мијалковски е роден во Бјеловар на 24 април 1950 година. Бил популарен во 1970-тите и 1980-тите. Со леснотија пеел поп и нова македонска народна музика. По завршувањето на Техничкото училиште во Скопје и неуспешен обид да студира на Високата техничка школа во Битола, во 1969 година, на аудиција Бараме млади таленти, си ја пробал среќата и следниот ден ја направил првата снимка во радио станицата. Тогаш почнале вистинските снимања и подготовки на нови музички материјали. Набрзо, на деветнаесет години, се оженил со сопругата Ели и добил две деца.

Соработувал со врвните композитори: Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ… Учесник е на многу фестивали, а најголеми хитови биле: Иди, душо моја, Наша последња ноћ, У малом граду крај Дунава . . .


Среќен роденден Драган, ти посакува редакцијата на Екран.

Подолу уживајте во безвременската „Оди си“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …