Денес се сеќаваме на нашиот истакнат актер Шишман Ангеловски

Шишман Ангеловски е роден на 24 април 1937 година во Софија. Тој беше македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Професионалната кариера Шишман Ангеловски ја започнал во Куклениот театар во Скопје во 1957 година. Истата година почна да настапува и на сцената на Македонскиот народен театар. Член на Драмскиот театар станува во 1959 година, каде што има одиграно преку 80 улоги. Добитник е на Наградата на Здружението на драмските уметници на Македонија, како и на неколку други признанија добиени за остварувања на филмот. Бил прогласен за Најпопуларно ТВ лице во Македонија.


Филмографија:

1969 Време без војна ТВ-филм
1969 Враќање од рајот ТВ-филм
1970 Мртва стража ТВ-филм
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм
1972 Настан можеби последен ТВ-филм
1972 Истрел ТВ-филм
1973 Колнати сме, Ирина ТВ-филм
1973 Залез над езерска земја ТВ-серија
1973 Љуѓе и птици ТВ-филм
1976 Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1977 Сакате ли уште едно парче торта ТВ-филм
1978 Среќна приказна ТВ-филм
1979 Курирот на Гоце ТВ-серија
1980 Време, води ТВ-филм
1981 Самотија ТВ-филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982 Едно лето ТВ-серија
1984 Диво месо ТВ-филм
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1987-1988 Трст виа Скопје ТВ-серија
1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм
1990-1991 Еурека ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм
1992 Тврдокорни ТВ-серија
1992 Кражба ТВ-филм
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм
1993 Македонска сага ТВ-филм


Починал на 7 февруари 1995 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот поранешен борач, освојувач на два бронзени медали на Олимписките игри Шабан Сејдиу

Шабан Сејдиу е роден е на 6 мај 1959 година во Блаце, општина Чучер-Сандево, Скопје. …