Концерт за сите љубители на класичната и фламенго музиката, со гости од САД и Полска

Денес – недела свечено ќе биде затворен 6-от Меѓународен фестивал за кларинети КЛАРИФЕСТ-Скопје 2024 со концерт на кој ќе настапат гостите од САД и од Полска.

Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток во 20ч. а влезот е бесплатен. Публиката ќе има уникатна можност да ужива во изведбата на класични дела како и фламенго музика во изведба на Барбара Борович-кларинет (Полска), Дуото ЖАКА од САД во состав Весли Фереира – кларинет и Џексон Вилиамс – гитара и нашата пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …