ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија се приклучи кон иницијативата „Полска на полица”

Во посета на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија дојдоа амбасадорот на Р. Полска, г. Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга, г-ѓа Јоланта Гжелчик, да ја претстават иницијативата „Полска на полица”, во која учествуваат и библиотеките од Скопје, Охрид, Тетово, Битола и Штип.

Амбасадата на Р. Полска во рамки на иницијативата донираше 50 наслови од полски автори, каде се вклучени класици (Шенкевич, Гомбрович, Шулц, Рејмонт…), но и дела од најсовремени автори, а покрај книги за возрасни, застапени се и изданија за помлади читатели и деца, меѓу кои и книгата „Мечето Ушко” (Miś Uszatek) со еден од најпознатите ликови меѓу децата од Полска и пошироко.


Покрај книгите од полски автори, директорот на библиотеката Стефан Марковски донираше по еден примерок од неколку изданија на амбасадата, меѓу кои и монографијата „Гевгелија – 130 години град” и збирките поезија „Метрички карван” кои веќе 10 години излегуваат во издание на библиотеката.

Директорот Марковски и амбасадорот, покрај за иницијативата, дискутираа и за можностите за промоција на класиците од современата полска литература, за македонско-полските врски во културата, како и за можностите за надминување на некои актуелни предизвици во ова поле.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …