ОБЈАВЕНА КНИГАТА „КОЈ Е ГЛАВЕН ДЕНЕС“ ОД НАТАША КОНЦ ЛОРЕНЦУТИ

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути. Книгата на македонски ја преведе универзитетската професорка Лидија Аризанковска, а илустрациите се на познатата словенечка илустраторка Тања Комадина. Објавувањето на ова дело е подржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.

Книгата за деца и млади „Кој денес главен“ е духовита и интересна приказна со преубави илустрации. Приказната ја следи Ника. Таа е најмалото девојче во семејството и едвај чека да биде главна. И тоа ќе се случи, се разбира. Но, пред да биде главна треба да поминат неколку годишни времиња и треба да направи неколку урнебесни работи, да патува, да си игра, да научи нешто ново и малку да порасне…


Наташа Конц Лоренцути (1970) дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што и магистрирала во 2010 година. Во периодот од 1994 година до 1999 година била ангажирана како актерка во два професионални словенечки театри, а од 1999 година се посветила на литературата. Досега има објавено тринаесет книги за деца и млади и три книги за возрасни. Нејзините книги биле номинирани за наградата „Оригинална словенечка сликовница“ и наградата „Модра птица“, а исто така по двапати за наградите „Десетница“ и „Вечерница“. Нејзината проза за возрасни трипати ја освоила наградата „Женски глас“, а два пати ја освоила наградата „Младика“ во Трст. Покрај нејзината работа како писателка, десет години предавала драма во средното училиште „Нова Горица“, каде што учениците ги играат нејзините драми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …