Утревечер во МНТ погледнете ја „Лагата“

Утревечер во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.

Преведувач на драмскиот текст: Офелија Ковилоска
Сценограф: Крсте С. Џидров
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Автор на музиката: Игор Василев-Новоградска


УЛОГИ:
Павле – Јордан Симонов
Родна – Габриела Петрушевска
Михаил – Оливер Митковски
Јована – Драгана Левенска

Времетраење: 100 минути


„Лагата“ на Флоријан Зелер е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството — лавиринт на лаги и измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот. Михаил и Јована доаѓаат на вечера. Но, Родна истото попладне го забележува Михаил како се бакнува со друга жена, и притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Павле верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Родна е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска е под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат, а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …