Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен и Национален џез оркестар

14 февруари е датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на виното, а годинава овој датум ќе го одбележи и еден посебен настан, концертот на Националниот џез оркестар со според многумина, еден од најдобрите џез вокали на овие простори, но и пошироко, Џон Илија Апелгрен.

Концертот на кој ќе бидат изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра, во интерпретација на Апелгрен, ќе се одржи во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20 часот.


Џон Илија Апелгрен е македонски џез вокалист, именуван како еден од најдобрите вокали на овие простори и пошироко. Често пати споредуван со Нет Кинг Кол, вокалот на Апелгрен нè потсетува на златни денови од ерата на биг бендовите. Апелгрен зад себе има 39-годишно искуство на македонската музичка сцена од кои 35 години како џез изведувач кој настапувал со биг бендот на МРТ, биг бендот на ЗЏМ, и Македонската фихармонија, како и со голем број помали формациски состави. Во текот на неговата музичка кариера има снимено повеќе од 150 џез стандарди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …