Материјални нешта, наместо искрено извини – Новата песна на Александра Јанева предизвика реакции во јавноста

Изминатата недела, македонската поп-пејачка Александра Јанева го промовираше своето ново музичко дело „Дождови” кое е уште едно во низата одлични песни кои Јанева ги создава за својата публика. Првите реакции за „Дождови” се одлични и композицијата наиде на навистина позитивни коментари од страна на публиката.

„Ни букет од рози не те пере сега, ни океани солзи не те вадат сега” се можеби и стиховите кои привлекоа најголемо внимание и оставија најдобар впечаток, како кај Александра, така и кај публиката. Па прашањето кое се наметнува само по себе е, дали материјалните нешта и утешните награди кои сте ги добиле, можат да го заменат искреното извинување? На крајот од денот, несогласувањата се поправаат со зборови и дела, а не со материјални нешта.


„Колку пати сте добиле материјални нешта во знак на извинување, а не сте го слушнале зборот извини, кој вистински ви бил потребен за да ви ја намали болката, разочарувањата?…извинувајте се со зборови, со цела душа, а букети давајте исклучиво од љубов, на оние кои ве инспирираат и ви го прават животот и секојдневието поубаво”. – вели Александра.

Инспирирана од сето ова, Александра направи и интересна фотосесија, а на социјалните мрежи ја поддржаа многу македонски јавни личности.


 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …