Оперскиот бисер „Кавалерија Рустикана“ во петок во Националната Опера и Балет

Во петок на 26 јануари 2024 година, во Националната Опера и Балет, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажана операта „Кавалерија Рустикана“.

Диригент: Оксана Мадараш (Украина)
Режисер: Џандоменико Вакари (Италија)


Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Елена Дончева
Асс Диригент: Катерина Стојковска
Асс.режисер: Алесандро Идонеа (Италија) Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Концерт-мајстор: Верица Ламбевска
Хор–мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

Настапуваат: Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.


Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер:Невена Георгиева

„Кавалерија рустикана” е оперски бисер натопен во страст и одмазда како главен движечки мотив, еден од најомилените и најизведувани оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.


Tрагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.

Билетите по цена од 500 денари можете да ги набавите на билетарницата на НОБ или онлајн на: www.operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …