Дунавка Трифуновска: Штом зборат лошо за мене знаеш дека ми се бивши, тоа е дијагнозата!

Дали во животот е поважно каков животен партнер ќе избереме или какви пријатели ќе имаме? Во новото издание на „Нешто конкретно” зборуваме на оваа тема, а нашите гости искрено ги споделуваат своите искуства на истата.

Според Дунавка Трифуновска, точно треба да се знае со кое чудовиште си во врска, таа зборуваше за претходниот партнер и издвои дека тој не знаел ниту да ги избрише пораките од телефонот што не требало да останат таму. Ја сподели случката каде нејзината пријателка и ги отворила очите во врска со него. Таа ќе раскаже и во какви односи е со неа сега. Вели дека никогаш не е без партнер затоа што и љубовникот го смета како таков, а за злите јазици додаде „Штом зборат лошо за мене знаеш дека ми се бивши, тоа е дијагнозата”.


Во емисијата гостуваа и Ленин Јовановски, Наташа Малинкова како и Дарко Спејко кој со голема самодоверба истакна дека не се плаши од неверства затоа што е сигурен оти неговата девојка го има најдоброто крај себе.

Гледајте „Нешто конкретно” секоја недела во 17.00 часот на Телма.


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …