Премиера на театарската претстава за деца“Црвенкапа и шумскиот судија“

Во понеделник, на 13 ноември 2023, од 19:00 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата за деца “Црвенкапа и шумскиот судија“, работена по мотиви на Браќата Грим, а по текст и во режија на Микица Илова.

Претставата е во рамките на “Месец на театарот/Театар, имагинација, реалност“.
Во претставата играат: Марија Јосифовска, Сашко Орешков, Елена Илиева, Ристе Стојанов, Валерија Пашова, Стефанија Јованова.
Костимографија: Сара Милевска; тон и светло: Пепи Ангелов; Суфлери: Атанас Димков и Александар Стојков; Сценска поддршка: Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.


“Црвенкапа повторно има проблеми. Вообичаената приказна денес има нови моменти. Кој е виновникот? Ајде заедно да откриеме.“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …