Театарската претстава ,,Немиот келнер” утре во МКЦ

На 13 ноември 2023 година, во Младинскиот Културен Центар, а во рамките на фестивалот МОТ, со почеток од 22:30 часот, ќе биде одиграна театарската претстава ,,Немиот келнер”.

,,Немиот келнер” е театарска претстава по текст на Харолд Пинтер, во режија на Александар Ивановски. Оваа изведба е на 48то издание на фестивалот МОТ, во официјална селекција за НАГРАДА БИШ, за најдобра театарска претстава од домашна продукција.


Бен и Гас се наоѓаат во подрумска просторија и се во исчекување на насоките за извршување на нивната следна задача. Но, настаните го менуваат својот вообичаен тек. Ова не е апсурд. Ова е реализам кој ја прикажува апсурдноста на нашето постоење. Сите сме ликови затворени во Пинтеровиот подрум, несвесни дека нашите животи не ни припаѓаат само нам. Веруваме дека самите ги носиме своите одлуки, цинично судиме за туѓата глупост, длабоко уверени дека ние сме поинакви. Но што кога ќе се скрши илузијата и ќе сфатиме дека целото ова време пред нас стоела чиста моќ? Бидејќи моќта е постојано тука некаде: во соседната соба, позади вратата, во ходникот. Дури и кога е непрепознатлива и скриена, законот на моќта секогаш дејствува.

Режија: Александар Ивановски
Играат: Мартин Ѓоргоски и Васко Костовски
Превод од англиски: Марио Стојаноски
Извршен продуцент: Батухан Ибрахим
Сценографија: Ненад Тонкин
Костимографија: Елена Кузманов
Дизајн на светло: Андреј Неделковски
Дизајн на плакат: Тео К. Атанасовски


Билетите за претставата може да се набават на онлајн линкот https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1324#.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …