Europe House Скопје полни четири години

Исклучително моќната структура на главната пошта, нејзината форма и архитектонски стил се симбол на реконструкцијата по силниот земјотрес во 1963 година и една од најсилните обележја на градот Скопје!

По повод 60 годишнината, Europe House Скопје го објави архитектонскиот конкурс „Скопје на новата генерација“. Бидејќи градот на солидарноста треба да го живеат и идните генерации, Europe House не случајно го избра овој објект од значајно културно наследство да го прослави својот четврти роденден.


Патот кон одржлива иднина на главниот град преку идејните решенија на младите архитекти и урбанисти ќе бидат изложени во шалтерската сала на Пошта Скопје. Победниците на конкурсот ќе бидат свечено прогласени од ЕУ Амбасадорот, Дејвид Гир.

Роденденската програма ќе ja отвори мешаниот хор “Драган Шуплевски” при ФМУ – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, под диригентската палка на проф.м-р Сашо Татарчевски, а ќе ја заокружат еклектичните звуци на Антоние Весковски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …