Вондерленд театар со најновиот театарски проект „Види, летам!“ гостува на сцената на Факултетот за драмски уметности во Тетово

Вондерленд театар го претставува својот најнов театарски проект, „Види, летам!“. Претставата ќе се одигра на сцената на Факултетот за драмски уметности – Тетово, во понеделник 13 ноември 2023 година со почеток во 19:00 часот.

Автор: Ана Трпеноска
Режисер: Ивана Ангеловска
Уметнички координатор: Нела Витошевиќ


Играат:
Драгана Костадиновска
Никола Настоски
Исмет Шабановиќ
Ана Димитрова
Леонардо Лазов

Текстот за претставата го напиша Ана Трепноска и е инспириран од автентичните искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци. Овие лица храбро ги споделија своите искуства анонимно за време на работилниците водени од тимот на Вондерленд Театар.


Поддржана во рамки на партнерството помеѓу Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Младински образовен форум (МОФ), „Види, летам“ на Вондерленд Театар се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.

Влезот за претставата е бесплатен.


Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата се инспирација за промени, континуирано поместување на стандардите на следното ниво и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор. Сепак, бескрајните можности за истражување и преиспитување на театарот се земјата на чудата пред нас што чека да биде откриена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …