Театарската претстава и работилница ,,Марсовски пикник” денес во Бруталиск

Денес, во 12:00 часот во „Бруталиск“, ќе може да ја погледнете театарската претстава и работилница ,,Марсовски пикник”.

Претстава преку која низ заеднички игри, забава, цртање и разговор ќе научиме повеќе за екологијата и како да си ја зачуваме животната средина.


Низ приказната ќе патуваме со нашите Марско и Вселенко, а тука е и Зелената Сила која ќе ни дава најразлични предизвици.

Претстава, анимирање, едукација, дружба и забава на едно место! Резервирајте си билети на време бидејќи бројот на учесници е ограничен на 40.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …