Денес се сеќаваме на големиот македонски раскажувач, новинар и драмски писател Иван Точко

Иван Точко бил роден во Охрид на 9 јануари 1914 година. Тој е македонски раскажувач, новинар и драмски писател. Тој е еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија.

Иван Точко се школувал во Охрид и Битола. Завршил Правен факултет во Белград и Театарска академија во Софија. Бил учесник во НОВ на Македонија. По завршувањето на војната, работел како новинар во „Нова Македонија“ и во Радио Скопје, а покрај тоа, бил уредник на списанието „Македонија“. По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото бил уапсен, осуден и испратен на отслужување на затворската казна на Голи Оток.


Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“. Точко е автор на шест збирки раскази, три драми и две збирки со прозни минијатури:

„Бојана“ (раскази, 1953)
„Акорди“ (раскази, 1956)
„Прстен“ (раскази, 1959)
„Раскази“ (1962)
„Вино за душите“ (новелети, 1968)
„Премиера“ (раскази, 1970)
„Грев“ (лирски минијатури, 1971)
„Плуто“ (драма, 1972)
„Охридска трилогија“ (три драмски текстови – „Под Акропол“, „Робинка“ и „Плуто“, 1974


Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Загинал во сообраќајна несреќа во Скопје, на 12 ноември 1973 година, прегазен од автомобил, по излегувањето од автобус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …