Танцовиот перформанс „Коло“ вечерва во МКЦ

Вечерва во Денсинг салата во Младинскиот Културен Центар, со почеток од 22:00 часот, во рамките на овогодинешното издание на МОТ, ќе може да го проследите танцовиот перформанс „Коло“.

При уметничкото истражување и создавањето на претставата „Коло“, ги преиспитувавме современите манифестации на заедницата, со фокус на физичките аспекти на нејзиното прикажување преку танцовата практика.


Ја испитувавме можноста и неможноста да се оствари контакт во време на промени врз основа на дигиталните технологии, користејќи ја како катализатор „новата реалност“ предизвикана од пандемијата. Народното оро [коло] беше централниот елемент на внимание во работата. Иако и други танцови техники користат физички контакт помеѓу изведувачите, ние го третиравме орото [коло] како воспоставен културен модел што го обликува искуството на заедничките моменти во колективните собири. Постојаниот физички контакт на групата, едноставноста на движењата и акцентот на заедничките активности ја формираат основата врз која го развивме нашиот материјал.

За време на процесот на создавање, направивме и документиравме интервјуа со луѓе од различни генерации, водејќи разговори на тема на нивните искуства од заедничките настани, далечни и неодамнешни сеќавања, сегашноста и имагинацијата. Одлучувајќи да му пристапат на овој проект како ко-автори, сите членови на групата отворија друг агол на критичко набљудување на функционирањето и создавањето во заедницата, продуцирајќи и изведувајќи ја самата тема и прашањата со кои се занимаваат.


Ко-автори и изведувачи: Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ,
Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ, Александар Стоименовски
Композитор: Матија Анѓелковиќ
Костимограф: Милош Јаниќ
Соработници и консултанти: Ана Дубљевиќ, Филип Отовиќ Вишњиќ, Олга Потпаревиќ, Стана
Ѓокиќ, Вера Клупиќ, Љубина Отовиќ, Ивана Савиќ
Фотографија: Лука Кнежевиќ Стрика / Станица – Сервис за современ танц
Продукција: Станица – Сервис за современ танц
Поддршка: Културен центар „Магацин“ – Белград
Финансиска поддршка: Министерство за култура и информации на Република Србија

Овaa претстава на МОТ фестивалот е дел од проектот (Не)Врзани Движења, а е курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски.
(Не)Врзани Движења е поддржан од програмата Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан.


Проектот (Не)Врзани Движења/ (Non)Aligned Movements е развиен во партнерство помеѓу СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Хрватска; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …