Концерт на Градскиот камерен хор “Астибо – Штип” и Женскиот хор “Неразделни” од Ќустендил, Бугарија

Денес со почеток од 18:00 часот во Галерија 22 при НУЦК “Ацо Шопов” во Штип, љубителите на хорското пеење ќе имаат можност да го проследат годишниот концерт на Градскиот камерен хор “Астибо – Штип”, на кој специјални гости ќе бидат Женскиот хор “Неразделни” од Ќустендил, Р. Бугарија, насловен како “Меѓусебната соработка како мост за зближување на народите”.

“Градски хор” од Штип е мешан хорски ансамбл кој во моментот брои околу 23 членови. Има широк спектар на репертоар кој е прифатлив како за хорската публика така и за поширокиот круг на љубителите на музиката.


Песните: Брала мома капини, Елено ќерко, Билјана платно белеше, Калеш Анѓо, Што ми е мило ем драго, се само дел од репертоарот на Градски хор од Штип.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …