„Во ресторанот“ авторски проект на Трајче Кацаров

Во четврток на 26 октомври 2023 година, со почеток во 18:00 часот, во малата сала на Центарот за култура “Ацо Шопов” во Штип, ќе може да ја погледенете претставата, авторски проект на Трајче Кацаров – „Во ресторанот“.

Улогите ги толкуваат:
Искра Постолова – Лилит
Антонела Митева – Ева
Филип Стефановски – гласот,
Даниел Крстевски – келнерот


Лилит, или ѓаволицата е првата жена. Од неа настанал Адам. Црквата тоа го премолчува, па наместо Лилит за прва жена ја прогласува Ева, создадената од реброто на Адам. Тоа се двете жени кои во услови на современото живеење , не знаејќи една за друга, како што Ева и Адам во Рајот, се среќаваат во ресторанот. Условите во ресторанот диктирани од штрајкот на келнерите ги зближува. Од интимните исповеди откриваат дека направиле ист грев-прељуба. Лилит го изневерила својот маж со мажот на Ева и обратно. Прељубата за двете прељубници завршува со смртни последици. Келнерите го палат ресторанот. Двете жени стануваат жртви на големиот нескротлив оган. На небото кое поради штрајкот на ангелите е затворено од сите страни, Лилит и Ева продолжуваат со расправата која од нив двете е првата прељубница.

Влезницата е по цена од 200 денари.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …