Дискусија за книга и проекција на филмот: „Круг“

Денес, 25 октомври 2023 година во Social Cultural Space во Тетово, со почеток од 19:00 часот, ќе биде одржана дискусија за книгата и проекција на филмот: „Круг“.

Ве покануваме да ни се приклучите во дискусија за книгата „Круг“, како и да бидете дел од проекција на неговата филмска адаптација. Иако содржината на книгата не е експлицитно за сајбер-безбедност и феминизам, оваа приказна покренува суштински прашања за влијанието на моќните технолошки компании врз нашата приватност, надзор и поместувањето на личните граници во современото општетство.


Во склоп на дискусијата, ќе зборуваме и за Поимник на родово базираното насилство извршено со (зло)употреба на технологиjата (УНФПА) дискутирајќи како дигиталниот свет влијае на родовата динамика.

Оваа дружба и дискусија е заеднички организирана од Space Tetova, Mollekuqja и Stella Network. Мрежа Стела со овој настан започнува низа активности поврзани со дигиталното родовобазирано насилство на локално ниво, тие иницијативи ќе бидат остварени со поддршка на Швајцарската Влада во Република Северна Македонија.


Ве очекуваме !!!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …