Премиера на филмот „М“ во Битола

Денес во Центар за култура во Битола со почеток од 20:00 часот, премиерно ќе биде прикажан  вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“.

М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина.


Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, а актерската екипа ја сочинуваат: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.

Цена на карти: 200 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …