„ПРО-ЗА Балкан“ интернационален литературен фестивал

Во периодот од 17 до 20 септември 2023 година во Скопје ќе се одржи 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан.“ Гости на фестивалот ќе бидат петнаесетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко.

Добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, за оваа година е словенечкиот писател Драго Јанчар, на кој ќе му се придружат писателите: Владимир Левчев од Бугарија, Тарик Туфан од Турција, Даница Вукиќевиќ од Србија, Ренато Баретиќ од Хрватска, Слободан Шијан од Србија и Снежана Младеновска-Анѓелков од Македонија.


Творештвото на овие автори ќе биде промовирано на отворањето на 17 септември, во Даут-пашиниот амам од 20:00 часот.

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 10. програма Скопје фелоушип, која годинава е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“. Се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …