Концертна промоција на албумот „Од колено на колено“ на Александар Јовевски

Во вторник, 19.09.2023 година, во Македонската Филхармонија – мала сала, со почеток 20:00 часот, ќе се случи концертната промоција на маестралниот и светски етно албум „Од колено на колено“ на Александар Јовевски.

,,Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури. На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени обработки на стари македонски изворни песни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција но со нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски.


Покрај тоа што е музички лидер на етно составот „Монистра“ и е дел од речиси сите етно проекти во државата Александар Јовевски со овој нов проект ,,Од колено на колено”, допринесува со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа, и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон. На концертот ќе има специјални гости а тоа се Етно составот Монистра , еден од најетаблираните етно групи во Македонија , амбасадор на македонската етно музика како во државата така и во светот и гудачки квартет.

Билетите за концертната промоција можете да ги набавите онлајн преку продажната мрежа на Купи карти за се.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …