Бускетс потпиша за Интер Мајами

– Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Бускетс (34) ќе ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, објави синоќа клубот од американската МЛС професионална лига.

Трансферот значи дека Бускетс повторно ќе игра во иста екипа заедно со Лионел Меси, со кого 13 години беа клупски колеги во Барселона, пред Аргентинецот да замине за Париз во 2021 година.


Бускетс настапуваше за Барселона од 2005 година и одигра 722 натпревари, освојувачки девет шпански титули и три трофеи во Лигата на шампиони.

Само Чави (767) и рекордерот Меси (778) имаат одиграно повеќе натпревари во дресот на Барселона. ег/сд/ФОТО: Фејсбук .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …