УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа поради местење натпревари

– Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја исфрли Осасуна од европските клупски натпреварувања за претстојната сезона, објави синоќа шпанскиот клуб.

Осасуна е исфрлена од Европа бидејќи нејзиното поранешно клупско раководство е осудено за местење натпревари во шпанското првенство во 2014 година.


Клубот од Памплона, кој избори пласман во Конференциската лига на УЕФА за сезоната 2023/24, најави дека ќе поднесе жалба.

„Подготвени сме на најлошото, но продолжуваме да живееме со мотото кое нè следеше во реконструкцијата на тимот изминатите девет години: Осасуна никогаш не се предава“, објави шпанскиот прволигаш.


ег/сд/ФОТО: Фејсбук .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …