(ВИДЕО) Продолжението кое никој не го посакуваше и не го очекуваше: „Доаѓа Гладијатор 2“

Продолжението на култниот филм „Гладијатор“ и официјално доби датум за прикажување по неколкумесечни шпекулации.
Како што пренесува Variety, Gladiator 2 треба да излезе на 17. ноември 2024 година, а главната улога ја презеде Пол Мескал, чиј кастинг се уште не е официјално потврден. Овој 27-годишен Ирец е познат по улогите во „Normal People“ и „Aftersun“.
Со години љубителите на првиот филм создаваа теории за потенцијално продолжение и можна франшиза на „Гладијатор“ универзумот, а режисерот Ридли Скот уште во 2018 година изјави дека плановите за продолжение се подготвени, а минатата година потврди дека сценариото е завршено, велејќи дека има многу компоненти од првиот дел, на кои може да се потпре, продолжи и прошири приказната.

This image has an empty alt attribute; its file name is gladijator.jpg


Оригиналниот „Гладијатор“ го воодушеви целиот свет со неговото објавување во 2000 година. На Оскарите во 2001 година освои дури 5 награди и остана запаметен како еден од најдобрите филмови досега.
Не се знае многу за приказната за продолжението. Други информации поврзани со заплетот на филмот, како и остатокот од кастингот треба да се знаат во текот на годината.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …