Општина Центар: Бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик

Општина Центар обезбедува бесплатно орално здравје за децата во социјален ризик од сите три матични градинки „13 Ноември“, „Корчагин“ и „КочоРацин“ и сите објекти клонови или вкупно 11 објекти.

Преку овој проект покрај поправката на запчиња децата ќе може да добијат и корисни совети за правилното четкање на забите и важноста за редовно одржување на оралното здравје.


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, вели дека важноста на одржување на оралното здравје има суштинско значење во квалитетот на животот и самодовербата кај децата која ја носи здравата насмевка.

This image has an empty alt attribute; its file name is centar-besplatni-stomatolozi.jpeg
„На мое задоволство оваа година го прошируваме проектот и ги вклучуваме и децата од градинките. Здравите запчиња не значат само убава насмевка туку правилно функционирање и на организмот во целост. Одржувањето на оралното здравје треба да се практикува уште од најрана возраст и токму тоа е нашата цел, дечињата уште од мали да стекнат навики за редовно миење и правилно четкање на запчињата“, посочува Герасимовски.
Досега бесплатни прегледи на Стоматолошкиот факултет добиваа ученици од основните училишта во Центар кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а оваа година покрај децата од градинките бесплатни стоматолошки прегледи добиваат и сите пензионери во Општина Центар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …