Еве зошто треба да чувате ТЕГЛА СО ОРИЗ во вашиот орман: Корисен трик

Ефтин трик кој мора да го знаете
Доколку сакате вашите плакари и соби секогаш да мирисаат пријатно, се што ви треба е стаклена тегла, ориз и неколку капки есенцијално масло.
Оризот совршено ги впива мирисите на есенцијалното масло, така што ќе го задржи мирисот на вашата гардероба неколку месеци. Тоа е подобар избор од освежувачите за воздух купени во продавница бидејќи не содржи никакви хемикалии.
Можете да изберете масло од кој било мирис. Маслото од маточина е најефикасно ако сакате да ги елиминирате непријатните ароми.
Се прави со полнење на тегла со ориз, додавајќи 10 до 20 капки есенцијално масло. Покријте и добро протресете за рамномерно да се распореди маслото. Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со ластиче. Кога ќе забележите дека интензитетот на мирисот е намален, само протресете ја теглата или додадете неколку капки масло.

Освен за гардеробери, можете да го користите и како освежувач на просторијата.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …