Спектакл во најава! Мирослав Илиќ прославува 50 години кариера во „Арена Борис Трајковски“ на 18-ти март

Со големо задоволство го најавуваме славеничкиот концерт на легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, по повод неговиот 50 годишен јубилеј од неговата кариера, што ќе се одржи на 18-ти март во „Арена Борис Трајковски“.

Мирослав Илиќ прославува 50 години кариера. И тоа каква кариерa! Среќен е затоа што има песни кои ќе го надживеат, а негова лична карта дефинитивно е хитот „Voleo sam devojku iz grada“. И покрај кариерата која трае со децении, пејачот не се чувствува старо и со гордост ги носи своите години.


Бардот на српската народна музика, во далечната 1972 година ја започна својата блескава кариера, која од самиот старт почна да оди во нагорна линија. Години подоцна, Мирослав Илиќ зад себе има многу евергрини како што се: “Nije život jedna zena”, “Još te nešto čini izuzetnom”, “Vino točim a vino ne pijem”, “Ova noć”, “Jesen sedamdeset i neke”, “Lažu da vreme leči sve“, “Polomiću čaše od kristala”, ”Luckasta si ti”, “Božanstvena ženo”, “Voleo sam devojku iz grada”, “Pozdravi je pozdravi” и многу други.

Мирослав Илиќ има таква кариера што нема никаква потреба ништо дополнително да се објаснува, освен да се каже дека сме неверојатно среќни што во неговото сѐ поретко одење на турнеи влегува и Скопје, и тоа со ваков голем концерт, велат од „Balkan Media Production“.


Картите за овој златен јубилеј ќе бидат пуштени во продажба од 25.01.2023 (среда) и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2.

Инфо и резервации на 075 507 455


Се гледаме на 18-ти март во „Арена Борис Трајковски“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …