Ненадејно починал 27-годишен манекен

Џереми Рулеман претходно студирал психологија, но во 2017 година решил да ја продолжи кариерата како модел
Моделот Џереми Рулеман ненадејно починал на 27-годишна возраст. Причината за смртта на младиот американски модел засега е непозната, а меѓу првите кои ја објавија неговата смрт е дизајнерот Кристијан Сириано, кој го сметаше Рулеман за своја муза.
– Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој беше со толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот човек, кој им даде толку многу љубов на сите што ги запозна без разлика на се, напишал Сириано на Инстаграм и додал:

– Ја испраќам сета моја љубов до неговото семејство и пријателите кои изгубија некој толку посебен. Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го гушнам. Одмори се добро Џереми, сите те сакаме многу. Испратете му љубов денес на неговото семејство, ве молам.
Рулеман претходно студирал психологија, но во 2017 година одлучил да ја продолжи кариерата како модел. Тој се појавил на неколку модни ревии на Сириан и бил модел за различни брендови и дизајнери, како Џон Варватос, Џозеф Абауд, Супердри, Мејси, Зара, Ник Греам и „Ателје Силиан“.


Последен пат на Инстаграм се огласил пред три дена.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …