Американскиот актер Марк Хамил (71), кој се прослави со улогата на Лук Скајвокер во серијата „Војна на ѕвездите“, минатиот месец испратил повеќе од 500. дронови во Украина, што се покажало како еден од главните фактори во војната со Русија што трае скоро осум месеци.
Во гостувањето на радиото Блумберг, Хамил му рекол на водителот Џо Матје дека опремата ја испратил во Украина само затоа што очајно ѝ е потребна.
View this post on Instagram
Можност за помош
– Многу едноставно. На Украина и беа потребни дронови. Тие одлучуваат за исходот на војната, ја штитат земјата, својот народ, ја надгледуваат границата и тие се очите на небото – изјавил Хамил и продолжил:
– Бев навистина шокиран бидејќи два-три пати неделно добивав извештаи за тоа што се случува таму. Ме известија дека добиле повеќе од 500. дронови откако се приклучив во акцијата.
Порталот Хил пренесе дека украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец објавил дека холивудскиот актер Марк Хамил е назначен за амбасадор на платформата „United 24“ и проектот „Армија на дронови“ за собирање финансиска помош за набавка на воена опрема за Украина. Платформата „United 24“ е замислена како иницијатива која предвидува редовна набавка на дронови, нивна поправка и брза замена, како и обука на воени пилоти.
View this post on Instagram
Хамил, исто така, рекол дека е благодарен за можноста да помогне:
– Во оваа долга и нерамноправна борба, на Украина и е потребна дополнителна поддршка. Затоа сум почестен бидејќи претседателот Зеленски ме покани да бидам амбасадор на проектот „Армија на дронови“. Сигурно знам дека на Украина и се потребни беспилотни летала за да ги заштити земјата и слободата, како и вредностите на демократскиот свет. Сега е вистинското време сите да се приклучат на војната против империјата на злото.
View this post on Instagram
Бројни ѕвезди
Легендарната пејачка Барбра Стрејсенд се приклучи на иницијативата како амбасадор. Хамил и Стрејсенд се само дел од групата познати личности кои учествуваат во поддршката на Украина во конфликтот против Русија.
Актерот Бенедикт Камбербач учествуваше во приемот на бегалците од Украина, додека неговиот колега Шон Пен пред неколку месеци го посети Киев.
Фото: Монтажа