(ВИДЕО) Сакал да повози Бугати од 5 милиони долари, но не ја проверил временската прогноза

Возењето на Bugatti W16 Mistral е секако незаборавно искуство, со 1.600 коњски сили и ветер во косата.
Во средината на август Bugatti претставил нов модел. Тоа е, исто така, последниот автомобил придвижуван од моторот 8.0 W16 со четири турбополначи.
Тоа е Bugatti W16 Mistral, а потоа следат моделите со електрифициран погон. Bugatti има намера да произведе само 99. примероци од овој автомобил, а секој од среќните купувачи ќе треба да издвои најмалку 5.000.000 долари за своето возило.
Возењето на Bugatti W16 Mistral е секако незаборавно искуство, со 1.600 коњски сили и ветер во косата. Освен ако надвор не ве чека лошо време и дожд.
Во тој случај не е доволно да кликнете на копчето и да почекате неколку секунди покривот да се затвори – затоа што го нема. Во приложеното видео ќе видите како се снашол возачот во таква ситуација.

View this post on Instagram

A post shared by aspotting37 (@aspotting37)


Фото: Bugatti promo


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски

Денес, со почеток во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се …