(ФОТО) Хрватска плажа меѓу 50-те најубави во светот

Светски познатиот сајт за патувања „Big 7 Travel“ ја објави својата официјална листа на „50 најдобри плажи во светот за 2022“, а една плажа од Хрватска се најде на 12-то место.
Списокот за најдобри плажи се прави четврта година по ред и ги рангира светските плажи користејќи ги збирните резултати на локациите со сино знаме, популарноста на социјалните мрежи и претходните резултати од медиумите.
Овогодинешната листа е разновидна: со кристални лагуни, плажи со розов песок и изобилство на острови.
Според „Big 7 Travel“, најдобра плажа во светот за 2022 година е Playa Conchal во Костарика.

На второ место е заливот Тиркиз во Австралија, следен од Грејс Беј на островите Туркс и Каикос, плажата Сиеста на Флорида, Пунта Москито (Мексико), како и Тајната лагуна (Филипини), Сан Фрутуозо (Италија), Падн Вондерер ( Англија), Боулдерс Бич (Јужна Африка), плажа Рејнисфјара (Исланд).


На 12 место се најде плажата Златни рат или Златни рог во Бол на Брач.

„Златни рат е најспектакуларната од сите плажи во Хрватска. Не е само неговата форма што ја прави толку убава и уникатна. Камчестата плажа е опкружена со кристално чисто море, кое преминува од тиркизно сино до темно сино за само 10- 20 метри. Со децении старите борови даваат сенка. Нема да сакате да излезете од топлата вода овде“, пишува Big 7 Travel.

Топ 50 вклучува и две грчки плажи (Навахо од Закинтос на 17-то и Елафониси на 46-то место), египетскиот залив Наама на 33-то место и заливот Fig Tree на Кипар на 31-то место.

View this post on Instagram

A post shared by Big 7 Travel (@big7travel)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …