(ВИДЕО) ПОСАКАЈТЕ НЕШТО – МОМЧЕТО СО ЛЕУКЕМИЈА ИМАЛО САМО ЕДНА ЖЕЛБА! Денеска е Светски ден на желбите: Овој ден ја следи најемотивната приказна, а ова МОРА да го направите!

Светскиот ден на желбите е ден кој ги слави желбите во сите форми – и исполнети и неисполнети.
Дури 48. земји ширум светот го одбележуваат овој ден, а приказната зад создавањето на овој празник е повеќе од трогателна. Имено, седумгодишниот Крис, кој имал леукемија, во 1980 годинасакал да биде полицаец, а органите на редот му го исполниле сонот.
Токму затоа денеска се одбележува Светскиот ден на желбите кој го основа непрофитната организација „Make a Wish Foundation“ од Феникс во Соединетите Американски Држави. Целта е да им се помогне на болните деца да ги остварат своите желби.
Оваа организација е активна во 60. градови во САД, а со текот на годините растеше и сега се обидува да ги исполни желбите на децата од две до 17. години во 45. земји во светот. Организацијата „Make a Wish Foundation“ сериозно си ја сфаќа задачата и желбата на детето може да се исполни само доколку родителот, старателот или медицинскиот работник го пополнат и проследат формуларот со податоците и желбите на малиот пациент.


А се’ започнало на 29. април 1980. година, кога се исполнила желбата на тогаш седумгодишниот Крис Грејс, кој боледувал од леукемија и сакал барем накратко да почувствува како е да се биде полицаец. Светскиот ден на желбите се одржува секоја година од 2010. година. Тоа ја одбележа 30-годишнината кога се исполни сонот на Крис да глуми полицаец и да фати криминалец. Потоа, потполковникот Дик Шефер му подари на Крис полициска значка и капа, како и официјална униформа специјално сошиена за него. За жал, Крис ја загубил битката со болеста неколку дена подоцна.

This image has an empty alt attribute; its file name is dete-zelba.jpg


Затоа денес дефинитивно треба да ја замислите желбата за здравјето на вашите деца и болните деца ширум светот. Доколку сте во можност донирајте и направете убаво дело.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …