Македонското девојче урива рекорди: После четири распродадени, ќе има и’ три концерти во март!

Каролина Гочева, одамна знаеме, дек е извонреден вокал, но по најновите информации може уште повеќе да се гордее со својата работа…
Четирите, најавени, концерти во февруари, на кои што Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, за 23, 24, 25 и 26-ти февруари се РАСПРОДАДЕНИ. Поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет.
Влезниците во продажба се пуштени во продажба од денес, по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.
Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …