(ВИДЕО) Хорор во предградијата на Киев: Погледнете го моментот кога ракета погодила тролејбус!

Се водат борби на приодите кон градот пред почетокот на новата рунда руско-украински преговори
Најмалку едно лице загина во понеделникот во напад на станбена зграда во Киев, а 12. се повредени, соопштија украинските власти.
Проектилите погодиле и еден тролејбус и вистински благослов е што немало никој внатре. Надзорните камери го снимија тој ужасен момент, на видеото јасно се гледа како господин безгрижно шета во парк токму во моментот кога ракетата поминала зад него и уништила половина улица.


Претходно, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека две лица загинале, а три се хоспитализирани кога граната паднала врз станбена зграда во главниот град на Украина во понеделник наутро.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Предавање на уметницата и дизајнерка Надја Розева за уметноста на медалите

Денес со почеток во 11:00 часот во Свечениот амфитеатар на Европскиот универзитет предавање ќе одржи …